ВМРО-Народна: Огромна победа-македонскиот јазик е чист и непроблематизиран

од Nikola Popovski
252 прегледи

Најновата хистерија повторно го врати македонскиот јазик на прво место и покрај тоа што е кристално јасно дека за цела Европска Унија и за цел Свет веќе македонскиот јазик е чист и непроблематизиран, реагираат од ВМРО-Народна партија.

Од партијата посочуваат „факт е дека Република Бугарија за да излезе од спорот и дала зелено светло на Европската Унија да го прифати македонскиот јазик со тоа што таа останува на своите позиции дека за неа тоа се бугарски дијалекти“.

-Јасно е дека Бугарија има дозволено на ЕУ со нас да комуницира на македонски јазик што може да се смета за огромна победа и успех во одбраната на македонскиот јазик како идентитетско прашање со оглед на аргументите и доказите со кои располага бугарската наука.

Впрочем колку е голема нашата победа, ја повикуваме македонската академија на науки и уметности конечно еднаш во Македонија, во оригинал и во фототипни изданија да ги објави делата на браќата Миладинови, Кузман Шапкарев, Партение Зографски, Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, на Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Теодосиј Синатиски и да не ги редиме сите преродбеници. Самиот факт што најголемиот број од нивните дела досега не се објавени во оригинал во нашата држава зборува многу и повторно сакаме да кажеме токму заради тоа сметаме дека победата на македонскиот јазик е голема во овој момент, стои во партиското соопштение на ВМРО-Народна.

Слични содржини