Ги разобличивме одредените политички кругови во Македонија кои пласираа лажна теза дека тенковите што Македонија ги поклонува на Украина се подарок од Русија, но сега се обидуваат да ја дефокусираат јавноста со прашањето пак која била цената за тоа оружје, велат од ВМРО-Народна партија и побараа од Министерството за одбрана (МО) да ги објави цените по кои се набавени тенковите, исто така авионите и сето друго оружје што беше купено од Украина.
Според партијата, станува збор за ниски цени.
-Сите манипулатори дека ќе бидат изненадени од неверојатно ниските цени во состојба на неофицијално ембарго и се изложи себе на меѓународен притисок по кои тогашна Украина и го продаде оружјето на нашата држава и беше една од ретките држави кои и помогнаа на Македонија во 2001 година, се вели во партиското соопштение.
МО пред пет дена информира дека С. Македонија ѝ испраќа тенкови на Украина во вид на донација.
Според ресорот одбрана, станува збор за ,,трета генерација тенкови кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа”.
-Наша главна цел е воспоставување на финансиски прифатлив и одржлив одбранбен сектор и модерна и флексибилна армија со нова структура и со намалена бројна состојба која ќе биде способна за извршување на одбранбените мисии од Уставот на Република Северна Македонија, националните стратешки документи и задачи произлезени од НАТО стратегискиот концепт, потенцираа од МО.