ВМРО-Народна: Судењето на претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ е политички монтиран процес

од Nikola Popovski
1,7K прегледи

Владеачката ВМРО-Народна партија смета дека судењето во Битола на „долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ“ и претседател на сега веќе згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски е политички монтиран процес.

Оттаму наведуваат „за жал државата преку својот орган на јавен обвинител учествува неодговорно, арогантно и прави пародија од правниот систем само за наводно да докаже некаква идеолошка определба на човекот кој е симбол на борбата за самостојна и независна Македонија“.

-Пародијата го достигна својот врв кога како главен сведок на обвинителот во разобличувањето на Ванчо Михајлов е повикан авторитетот на Ламбе Алабаковски кој пак е човек кој веќе и официјално е осуден за потпалување на истиот клуб, велат од ВМРО-Народна преку соопштение.

Партијата додава дека за жал денес во Северна Македонија се води процес за кој ни самиот Лазар Колишевски немал доблест да го поведе дури и во најтемните времиња, а сево ова, како што се додава, е своевидно сопствено вето што си го ставаме на нашиот пат кон европската интеграција.

Партијата предводена од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски предлага веднаш да се прекине со „овој карикатурален судски процес“.

Слични содржини