ВМРО-НП на страна на МПЦ: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

од Vladimir Zorba

ВМРО-Народна партија упатува целосна јасна и недвосмислена поддршка на Македонската православна црква – Охридска архиепископија по однос на прашањето за предлог Законите за матична евиденција и родова еднаквост.

„Сметаме дека неприфатливо е донесувањето на овие Закони со кои не само што тоа ќе се изврши на крајно нетранспарентен начин туку и ќе задре до демократскиот капацитет на општеството во С. Македонија особено поради фактот што постојат огромни разлики кои доаѓаат не само од граѓанството туку и од страна на стручната јавност и верските заедници.

Потребна е поширока и посеопфатна дискусија помеѓу сите засегнати страни за изнаоѓање на вистински и правилен модалитет и методологија врз која ќе се таргетираат вистинските сегменти кои недостасуваат во предложените Закони, а притоа нема да задираат во чувствата на граѓаните на С. Македонија.

ВМРО-Народна партија како конзервативна и демохристијанска партија секогаш стои позади принципот на унапредување на еднаквоста помеѓу мажот и жената особено во општествено-политичкиот сегмент од живеењето, но во никој случај нема да дозволи разнебитување и доведување до степен на рушење на веќе постоечките семејни вредности преку донесување штетни Законски решенија со кои ќе се руши веќе постоечкиот концепт на семејството“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Слични содржини