ВМРО-НП: Резолуцијата може да ни создаде поголем проблем отколку решение

од Vladimir Zorba
241 прегледи

ВМРО-Народна партија соопшти денеска дека во резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ ја доставила до Собранието сериозен недостаток претставува што немаме конкретно временско и просторно определување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

„Без овие елементи предлог-резолуцијата дава простор теоретски, македонскиот јазик и македонскиот идентитет исто така, да се определат со почеток од 1945-та година и тоа само на просторот на Северна Македонија. Така што оваа резолуција на ваков начин може да ни создаде поголем проблем отколку решение“, се вели во соопштението.

Слични содржини