Внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Денеска ќе се одржат директните внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ кои беа одложени поради трагедијата во Кочани.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија којашто Претседателот го избира на непосредни, внатрепартиски избори.

Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката, на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот.

Централната изборна комисија го потврди и го затвори Избирачкиот список, на кој активно регистрирани се 23.712 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и се што е потребно за изборниот ден.

Сите активно регистрирани членови на СДСМ ќе можат да го остварат своето право на непосредно и тајно гласање за избор на Претседател во својата општина на соодветно гласачко место.

Членовите што гласаат, со себе задолжително треба да ја има електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација (лична карта или пасош).

Гласањето на болни и немоќни е овозможено, еден ден порано, односно во сабота на 05.04.2025 година.

Надлежна за спроведување на гласањето е Централна изборна комисија.

Информација за резултатот ќе биде соопштена по завршување на процесот на гласањето.

Слични содржини