Внимателно на Ѓавато, видливоста е намалена на 100 метри

од Nikola Popovski

Појава на магла има на Ѓавато со видливост до 100 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Слични содржини