Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 вели дека внимателно се следи ситуацијата во Косово, затоа што тоа ни се најблиските соседи.
„И Косово, и Србија. Секое случување таму, ни влијае и овде и во поларизација на општеството, меѓутоа и во општата состојба на државата“, вели Османи.
Тој додава дека сега уште повеќе имаме дополнителна улога како членка на НАТО и претседавач на ОБСЕ да придонесеме во регионот.