Внимателно возење и почитување на сообраќајните правила

од desk4
70 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. На планинските премини во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на ЈП Македонијапат. Врнежи од слаб снег има на Маврово и Буково.

На патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража има забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.