Да не се купуваат винетки за користење на патиштата во Бугарија од нелиценцирани вебсајтови, бидејќи таму чинат многу поскапо, предупреди бугарскиот национален давател на електронски услуги за патна такса „Интелигентни трафик систем“.
Официјалните сајтови се Vinetki.bg и TollPass.bg. Од друштвото соопштуваат дека на други сајтови цените се објавени единствено во евра, а тие вебсајтови наплатуваат дополнителни „трошоци за обработка“, „посредување“ или „услуга“, поради што таму винетките се многу поскапи.
Цената на годишната винетка е 97 лева (49,60 евра); тримесечната чини 54 лева (27,61 евра); месечната е 30 лева (15,34 евра); седмичната е 15 лева (7,67 евра); додека викенд винетката чини 10 лева (5,11 евра).