Внукот на Ахмети: Членови на ДУИ направија милиони

од Берта Китинска
341 прегледи

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кичево на изминатите избори, воедно и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Фатмир Лимани во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека членови, односно тесната структура на ДУИ направиле милиони, а во наредниот период ќе презентира и докази.

„Како може еден шофер да има куќа од 1 милион долари“, рече Лимани.

Меѓу другото, претходно го обвини и лидерот на ДУИ Али Ахмети дека е диктатор кој е 20 години на власт.

„Никаде во Европа нема таков пример“, рече Лимани.

Тој вели дека оваа власт е нелегитимна и нафрли неколку причини поради кои тој смета дека оваа власт нема легитимитет.

„Како прво, македонската страна, СДСМ во овој случај изборите ги доби со друг премиер не со овој. Понатаму сите знаеме како се склопи оваа влада, со притисоци, со изчезнување на пратеници и така натаму. Понатаму, албанската страна, во случајот ДУИ ги доби изборите со ветувањрето за прв премиер Албанец. Трета работа, ветуваа дека цената на струјата ќе се намали а видете сега каков е случајот“, додаде Лимани.

Слични содржини