Војникот кој извика „Слава на Украина“ пред да биде застрелан не е украински државјанин

од Stefanija Kuzmanovska

Олександар Мацијевски, војник кој стана симбол на храброста и отпорот на руската агресија против Украина низ слободниот и демократски свет, всушност е државјанин на Молдавија. Оваа вест ја потврди министерството за надворешни и европски работи на Молдавија.

„По потврдата од украинската страна дека украинскиот војник Олександар Мацијевски бил егзекутиран од страна на руската армија, министерството за надворешни и европски работи најостро го осудува убиството на државјанинот на Молдавија, чин што може да се окарактеризира како воено злосторство и јасно прекршување на меѓународното хуманитарно право.

Изразуваме длабоко сочувство до семејството и пријателите на Олександар Мацијевски и ја изразуваме нашата солидарност со украинскиот народ.

Ја повторуваме силната позиција на Република Молдавија, која ја осудува бруталната војна на Руската Федерација против Украина.

Нашата земја останува посветена на поддршката на Украина во нејзините напори за враќање на мирот и стабилноста во регионот“, се вели во соопштението на молдавското министерство за надворешни и европски работи.

Слични содржини