Во Јапонија регистрирани рекордни 415 смртни случаи од корона

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Во Јапонија денеска се регистрирани 415 смртни случаи како последица на коронавирусот, што е најголем број досега во еден ден, покажуваат податоците на министерството за здравство.

Според податоците, регистрирани се 216.219 нови случаи на коронавирус, што е за четири отсто повеќе од една недела претходно, објави „Ројтерс“.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), Јапонија во изминатите седум дена има најголем број случаи на коронавирус во светот и е втора земја по бројот на починати по Соединетите Американски Држави.

Слични содржини