353
Регистрирани се 685 бесправно изградени објекти лани во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 98 објекти за домување (14.3%), 114 доградби, надградби и
адаптации (16.6%), 66 деловни објекти (9.6%), 52 гаражи (7.6%), 117 огради (17.1%), 4 скалила (0.6%), 14 тераси (2.0%), 11 летни тераси (1.6%), 85 настрешници (12.4%), 39 времени објекти (5.7%) и 85 помошни објекти (12.4%).
Најголем број бесправно изградени објекти (99.0 %) се во приватна сопственост.