Во 2022/2023 запишани 4,2 отсто повеќе студенти во споредба со претходната академска година

од Nikola Popovski

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Северна Македонија, во академската 2022/2023 година се запишале вкупно 53 821 студент, што претставува зголемување за 4.2 % во однос на академската 2021/2022 година.

Бројот на запишани студентки е 30 969 или 57.5 %.

Најголем број студенти (77.7 %) се запишале на државните високообразовни установи, додека 22.3 % се запишале на
приватните високообразовни установи.

На прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 15 097 студенти или 28.1 % (тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати).

Слични содржини