Во 2023 година, Трамп на судења потрошил 40 милиони долари од фондот за политичка акција

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави дека се очекува поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска да го извести својот комитет за политичка акција (PAC) дека во првата половина од годината потрошил околу 40 милиони долари за трошоците за правната постапка против него и неговите советници.

„Њујорк тајмс“ одделно објави дека PAC бара да ѝ бидат вратени 60 милиони долари кои ги позајмила на друга организација која го поддржува Трамп, главниот републикански претседателски кандидат за изборите во 2024 година, пренесува „Ројтерс“.

Цитирајќи инсајдери запознаени со ситуацијата, „Вашингтон пост“ објави дека правните такси на PAC ги поттикнале обвинителите да ја преиспитаат можноста за потенцијален конфликт на интереси меѓу Трамп и сведоците во постапката против него.

Се очекува PAC на Трамп во денешното поднесување да открие како се потрошени 40,2 милиони долари за правни такси, објави „Вашингтон пост“, цитирајќи луѓе кои се согласиле да зборуваат под услов да останат анонимни.

Трамп се соочува со десетици федерални обвиненија во Флорида за чување доверливи владини документи во неговиот дом, како и обвиненија во Њујорк, по истрагата за тајни плаќања и мито на порно ѕвездата Сторми Даниелс.

Слични содржини