Во 30. век луѓето ќе станат бесмртни и многу високи

од desk3
203 прегледи

Ако човештвото опстои до 30 век, луѓето ќе станат многу високи, ќе личат на киборзи, ќе имаат компјутерски очи, ќе ја контролираат сопствената ДНК, а некои од нив ќе станат бесмртни, сметаат научниците. Во последните 130 години луѓето ќе станат многу повисоки. Во 1880. година просечниот Американец беше висок 170 сантиметри, додека денешната просечна висина  е 177 сантиметри. 

 

Луѓето ќе се сооединуваат со апарати кои ќе им го засилуваат слухот, видот и здавјето. И денес постојат  т.н. биончки очи кои им помагаат на слeпите да гледаат, а се развиваат во Орегонскиот универзитет во САД.

Оваа технологија еден ден би можела да им користи на луѓето за да го видат она што се смета за невидливо, како што се  различни светлосни бранови ,  инфрацрвени или ултравиолетови.

До 30. век гените ќе еволуираат на микроскопско ниво како би им помогнале на луѓео да преживуваат. Со алати за модификација на гените како што се “CISPR”, во иднина луѓето ќе ги контролираат гените и  DNK до точка каде ќе можат себе си да се направат имуни од болести па дури и од стареење. Дел од луѓето веројатно ќе бидат префрлени на Марс, а таа планета добива до 66 помалку Сончева свтелина отколку Земјата.

Тоа значи дека луѓето на Марс ќе имаа големи зеници како би апсорбирале повеќе светлина. Бидејќи гравитацијата на Марс само 38 од Земјината, луѓето родени таму можат да бидат повисоки од било кој на Земјата. Но, најголемиот домет кој луѓето би можеле да го постигнат во 30. век е бесмртноста. Патот до бесмртноста веројатно е можен со комбинирање на човечките органи и машините.

Моментално, научниците во Италија и Кина прават повеќе трансплантации на глави на животни како би одредиле дали може да се “префрли” свеста од едно тело на друго, пишува порталот  “Sajens alert”.