Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во спортската историја во чест на жртвите од Кочани

од Milan1
72 прегледи

На почетокот од 59. минута од вечерашниот натпревар на Македонија и Велс присутните на арената „Тодор Проески“ станаа од своите места и со најтажниот аплауз во нашата спортска историја им оддадоа почит на жртвите од пожарот во Кочани.

Францускиот судија Жером Брисар го прекина мечот на Националната арена во 59 минута, па фудбалерите им се приклучија на навивачите во оддавањето почит.

Раководството на ФФМ пред мечот реши сиот приход од овој натпревар да биде наменет за настраданите во кочанската дискотека.

Слични содржини