Во Академијата за Оскарите ќе има 50 отсто жени членки

од Vlatko K
125 прегледи

Американската академија за филмска уметност и наука, која е задолжена за престижните награди
„Оскар“, редовно е критикувана поради тоа што мажите во комисијата се огромно мнозинство во
однос на жените. Поради тоа, во новото соопштение, оваа културна институција објави список од
842 имиња поканети да ѝ се приклучат, од коишто 50 отсто се жени, а 20 проценти се припадници
на малцинствата.

Меѓу поканетите се и Лејди Гага, Жан-Луј Трентињан и Жозијан Баласко. Ова е првпат во историјата
на Академијата жирито да се состои од 50 отсто жени. Лани, тие тука беа застапени со 49 отсто.
На списокот, инаку се и имињата на Стерлинг К. Браун, Винстон Дјук и Летисија Рајт. Се очекува
дека сите поканети кандидати ќе го прифатат членството.

Академијата последниве години постојано ја критикуваат и поради „елитизмот и недостатокот од
расна и етничка разновидност“, како и други работи. Затоа, оваа институција направи некои
промени и внесе новитети, меѓу кои и поместувањето на датумот на доделувањето на „Оскарите“,
како и скратување на свеченоста за којашто многумина сметаа дека трае предолго

Слични содржини