Во американскиот град Феникс, каде во петокот беше отворена изложба на карикатури на пророкот Мухамед, се одржува антиисламистички протест, објави Reuters .
Пред џамијата, во реонот на кој се наоѓа изложбата, се собрале околу 75 лица, настроени против исламот, некои од кои се вооружени. Кон плоштадот пред џамијата продолжуваат да доаѓаат демонстранти.Органите на редот прават напори да се оддржат мерките за безбедност во регионот.
Претходно се соопштуваше дека претставниците на муслиманската заедница во Феникс ја осудиле изложбата на карикатури.
Градоначалникот на градот Грег Стантен изјави дека “не смета дека изложбата е добра идеја”, но и покрај тоа нејзините организатори добиле дозвола за спроведување на манифестацијата

