289
Автобус со руски туристи се преврте во турската провинција Анталија.
Во сообраќајната несреќа што се случи во областа Сиде загинаа три лица, додека петмина се тешко повредени, објави рускиот конзулат во Анталија.
Автобусот превезувал туристи од Манавгат до аеродромот во Анталија. Според првичните информации, возачот изгубил контрола над возилото, кое удрило во бетонска ограда и се превртело.
Претходно медиумите објавија дека се повредени 16 лица. Сите тие биле префрлени во блиската болница.