466
Припадниците на косовската Царина вчера извршиле претрес во дури девет аптеки, каде што откриле шверцувани лекови од Србија, Северна Македонија и Албанија.
Претресени се аптеки во Грачаница, Ранилуг, Штрпце и други локации.
Според Царината, на шест локации пронашле 1.000 артикли шверцувани фармацевтски производи, односно лекови, пишува „Коссев.инфо“.
Сите производи се одземени и поведена е прекршочна постапка.
Косовската царина објави и неколку фотографии на кои се гледаат лекови произведени од фармацевтската компанија во Србија – Галеника.