Во Аргентина рекордна инфлација од 94,8 отсто!

од Nikola Popovski
176 прегледи

Во 2002 година, Аргентина забележа инфлација од 94,8 отсто, што е највисока во таа земја по 32 години и една од највисоките стапки на инфлација во светот во 2022 година.

Сепак, декемвриската стапка од 5,1 отсто покажува релативно забавување во последните месеци.

Ценовниот индикатор за декември објавен денеска од Националниот институт за статистика (Индек) покажува тенденција на намалување на инфлацијата од месечниот врв од 7,4 отсто во јули, потоа 6,3 во октомври и 4,9 отсто во ноември.

Инфлацијата во Аргентина беше 50,9 отсто во 2021 година, а по минатогодишниот пораст, владата очекува да ја ограничи на 60 отсто оваа година и врз таа проекција го заснова државниот буџет.

Претходниот рекорд беше во 1991 година со повеќе последователни годишни стапки на инфлација над 100 проценти. Таа година го означи крајот на циклусот на хиперинфлација над 1.000 отсто.

Аргентина, третата економија во Латинска Америка, е заглавена во хронична инфлација, двоцифрена во последните 12 години од различни причини и домашни – враќање на буџетските дефицити, големи инфлаторни очекувања и надворешни – прво рецесија, а сега влијанието на војната во Украина, кои го спречуваат закрепнувањето.

Таа земја очекува дека економскиот раст во 2022 година ќе биде пресметан на околу пет отсто, по растот од 10,3 отсто во 2021 година, додека претходните три години беше во рецесија.

Годинава се очекува растот на аргентинската економија да биде околу два отсто, забавен како и целата светска економија, но сепак еден од најсилните во Латинска Америка, според прогнозите на Светска банка објавени оваа недела.

Слични содржини