Во експлозија на плинска боца во студио во Аспровалта, познатото одморалиште на голем број Македонци, денеска дошло до експлозија на плинска боца, при што петмина туристи се повредени, јавија грчките медиуми.
Инцидентот се случил околу 15.30 часот по локално време. Двајца туристи, маж (41 година) и жена (26), со сериозни изгореници се пренесени в болница во Солун. Мажот имал изгореници на 40% од кожата, а жената на 20%.
Тројца други се повредени од разлетаното стакло.
Сопственичката на вилата, која е на 86-годишна возраст, е уапсена и се води истрага за причините.
Сите повредени се српски државјани, јавуваат локалните новински сајтови.