(ВИДЕО)Во Атина протести пред денешниот самит на евозоната за Грција

од Vladimir Zorba
87 прегледи

На централниот атински плоштад Синтагма синоќа се одржа митинг организиран од страна на Сириза и синдикатот на вработените во јавниот сектор АДЕДИ, на кој демонстрантите држеа транспаренти на кои пишуваше „Демократијата не се уценува“.

grcija-protesti

Луѓето кои се собраа пред грчкиот Парламентот побара од Владата да не подлегне пред барањата на кредиторите и да не се повлече од своите предизборни ветувања, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчкиот народ не сака да прифати никакви нови мерки на штедење и меморандуми, изјави грчкиот министер за реконструкција на производството Панајотис Лафазанис и додаде дека Владата нема да потклекне под уцени и ултиматуми или да прифати договор кој не е во согласност со нејзините предизборни ветувања./МИА