Во атмосфера на соработка помина неформалната консултативна средба во ДУИ, вели Османи

од Берта Китинска
102 прегледи

Лидерот Ахмети имаше средба со претставници на партијата од различни ограноци пред Централниот совет на партијата, каде што ќе се донесат одлуки за формирање на централните претседателства и другите органи на партијата, кажа Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи кој беше присутен на неформалната консултативна средба во ДУИ, по што кажа дека тоа е подготовка за состанокот на Централнито Совет на партијата, кој ќе се одржи утре.

-Средбата помина во атмосфера на соработка, унифицираност и подготвеност на партијата за нови походи“, кажа Османи.

Утре ќе се одржи состанокот на Централниот совет на ДУИ. Треба да се изберат генерален секретар, организациски секретар и нови потпретседатели, со мандат до следниот конгрес.