Во август осум нови случаи на СИДА во земјава, тројца се странци со привремен престој

од Nikola Popovski
308 прегледи

Во текот на месец август, пријавени се осум случаи на ХИВ/СИДА, од кои три лица се странски државјани со привремен престој во Македонија, стои во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје. Со тоа, годинава пријавени се вкупно 34 нови случаи на зараза со ХИВ/СИДА.

Четири лица се од Скопје (вклучително и странските државјани), две лица од Охрид и по едно лице од Гостивар и Струга. Лицата се на возраст од 21-55 години. Шест од регистрираните лица се хетеросексуалци, додека две заболени лица се припадници на МСМ популацијата (маж со маж), пишува во извештајот.

Шест од регистрираните лица се хетеросексуалци, додека две заболени лица се припадници на МСМ популацијата.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.08.2023), број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 620, и тоа: 123 лица починале, 497 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Слични содржини