Во Австрија драстично зголемување на заразени со Ковид-19

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Во Австрија во изминатите 24 часа е забележано драстично зголемување на бројот на новозаразени лица, чиј број изнесува 173.

Само во Виена се регистрирани скоро половина од сите нови случаи, бидејќи во австриската престолнина се регистрирани 81 случаи на нови случаи со коронавирус.

Интересно е што во провинцијата Тирол се регистрирани 27 нови случаи на заразени, а повеќето од нив се поврзани со посета на циркус.

Ова исто така го зголеми бројот на заболени во Австрија на 1.606.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 20.797 лица биле тестирани позитивно за коронавирус, од кои 18.528 се излечиле.

Во болниците има 89 лица со Ковид-19, од кои 15 се на интензивна нега.

Австрија досега спроведе 870.602 тестови за коронавирус.

Слични содржини