Во автобуска несреќа во Шведска загинале три лица

од desk2
128 прегледи

Три лица загинаа, а шест други се тешко повредени откако автобус полн со ученици излета од патот и се сврте во ендек во централниот дел на Шведска.

Ова го соопштија на прес-конференција по инцидентот лекари од болницата во градот Јостершунд, пренесува РИА Новости.
Лекарите велат дека уште 19 лица добиле средно тежки повреди, а 31 се полесно повредени.

Во автобусот имало 59 лица, меѓу кои шест возрасни и еден возач, а останатите – ученици од осмо одделение. Тие патувале кон планината. Наводно, временските услови во реонот на инцидентот биле добри.
Премиерот на Шведска Стефан Лев изрази сочувство до семејствата на загинатите.

“Неискажлива е болката за сите нас кои добивме веста за жртвите. Ние сме со вас. Болката е неподнослива за оние кои се уште не добиле никакви вести. Ние мислиме за вас. Спасувачките активности продолжуваат и ние внимателно го следиме развојот на настаните “, изјави тој.