Во балски фустан и патики, Џонатан Ван Нес на историска насловна страница (ФОТО)

од Elena Daskalova
403 прегледи

Британското издание на популарниот магазин Космополитен ја објави насловната страница за јануари 2020, на која се појавува Џонатан Ван Нес, со нови патики и фустан на Кристијан Сиријано, направен токму за него.

Ова е всушност првата насловна страница на британскиот Космополитен во цели 35 години на која има маж, а не жена, ако не се брои онаа со бендот One Direction во 2012. Ван Нес го нарекуваат и човечки ураган на позитивноста.

Последен маж кој се појави на насловната страница на овој магазин беше Бој Џорџ во декември 1984 година. Ван Нес може да се пофали и дека е првата личност со брада која излегува на насловна на Космополитен, на кое и да било издание досега.

Слични содржини