На вчерашниот брифинг во Обвинителството беше откриено дека еден од клучните сведоци во двојното убиство, Гоце Трајковски осомничен за тешко кривично дело е недостапен за органите.
На 15-ти ноември требаше да сведочи за неговата улога во потрагата по Вања, но не се појави во судницата поради како што беше речено панични напади. Трајковски кој е сведок во судењето против првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо се сомничи и за палење на објект во скопска Кисела Вода во кој живееле станари.
По него се трага – споделија информација од Основното јавно обвинителство.
Неговата мајка Кираца Трајковска на 15 ноември пред судот кажа дека нејзиниот син е оправдано отсутен односно имал паничен напад и висок притисок. Судењето продолжува на 16 декември.
Обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски се Љупчо Палевски Палчо како првообвинет и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.
Според обвинението, четворицата првин го убиле Панче, за да му го земат возилото, а неколку дена подоцна, со тој автомобил ја грабнале Вања, со намера за неа да побараат откуп од членовите на семејството.