Вечерва во Белград се отвора Македонскиот културно-информативен центар. Објектот се наоѓа на улица „Македонска“ во главниот српски град, а првата програмска активност ќе започне со изложба и концерт.
Директорот на Македонскиот културно-информативен центар, Васко Шутаров за српските медиуми изјавил дека гостите ќе имаат можност да ја погледнат колективна изложба на која ќе бидат претставени делана 24 уметници.
„Овие автори одамна им се познати на љубителите на уметноста. Тие се директна нишка или еден вид мост што ги поврзува српската и македонската култура и уметност“, посочил Шутаров и додал дека Културно-информативниот центар (КИЦ Белград), Здружението на македонски уметници во Србија, „Галерија М“ и Фондацијата „Нушиќ“ собрале 50 дела од уметници од сите генерации кои најголемиот дел од животот го поминале во Белград.