Во Берово утрово измерени 3 степени Целзиусови, во Виница 11

од Vladimir Zorba

Со три степени Целзиусови утрово најстудено во Берово, додека најтопло со измерени 11 степени е во Виница.

Од УХМР информираат дека до 08.30 часот измерени се пет степени во Лазарополе, шест во Битола, седум во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови, осум степени во Прилеп, Претор, Велес, Крива Паланка, Штип и Струмица, девет во Куманово, Демир Капија, Охрид, Попова Шапка и Дебар и 10 степени во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија и Крушево.

Во текот на ноќта времето беше ведро со слаб променлив ветер.

Утрово е сончево и свежо.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови.

Во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 28 степени.

Слични содржини