
Во мај оваа година беше објавена анализа под наслов „Каква војска собра Башар Асад?“ Тој беше последниот од серијата критични материјали посветен за сириската армија, бидејќи руските воени советници и инструктори најпосле ги научија како треба да војуваат.
Ако ги погледнеме настаните преку една ретроспектива, руските воени советници се појавија уште на првиот ден на операцијата – офицери и подофицери од моторизираните единици, тенковски, разузнавачки советници и десантни единици на руската армија, беа таму.
На нив им беше поставена задача да ги обучуваат локалните војници со цел да ја користат советската и руската борбена техника, бидејќи во претходните години на граѓанска војна во Сирија загинаа над 50 илјади војници од најпрофесионалниот дел од армијата.
Загубените битки и скршениот морален духот ги направија владините сили да бидат ранливи. Уште при интервенција на Русија во конфликтот, со учество на руски воени советници во провинцијата Латакија започнува формирањето на 4-и волонтерски корпус, кој во основа беше формиран од ветерани. Формирањето на воената единица се заврши уште во 2015 година.
Многу интересно е создавањето и еволутивниот на 5-тиот волонтерски корпус, во чии редови влегоа привлечените амнестирани бунтовници и дезертери, како и воени службеници. Тие исто така се обучуваат под водство на руски воени советници.
Во април оваа година тие покажаа извонредна храброст во битките на Хама. Сепак, ова е периферна вклученост на руските воени советници на ниско ниво во хиерархија.та
Ова лето државната телевизија „Россија“ детално ги покажа активностите на руските штабни советници во реонот на Дејр ез– Зора. Тие ги планираа авијациските напади ги координираа пренесените локации, ги назначија неопходните сили за да ги анализираат информациите од разузнавањето.
Никогаш не беше прикажано дека при командните штабови во бригадите, дивизии имало руски офицери и генерали. Во 2015/2016 година сирискиот Генералштаб се обиде да ја определи улогата руските воени офицери на една минорна позиција или статисти.
Асад ги отфрли кадрите што дипломирале на советските и руските воени академии, и назначи само сопствени мажи. Сепак тие раководни кадри беа неспособни, корумпирани и предавници. Ситуацијата конечно се сврте кон почетокот на декември 2016 година по несреќата во близина на Палмира.
Уште при првите истрели „храбрите“ сириски војници избегаа, оставајќи ја целата своја техника и вооружување и ги запреа дури на 100 километри западно. Главниот заменик-шеф на сирискиот Генералштаб, кој ги предводеше овие единици не се знаеше каде е во наредните два дена.
Подоцна ниту со смената со началникот на главното оперативно управување на Генералштабот, командантот на ракетните војници и артилеријата, командантот и на штабот на 3-и армиски корпус, командантот на 18-а резервна дивизија, исто така не успеаја … Дури на 11 декември успеаја да го запрат нападот и да ги вратат на позициите, но потоа повторно побегнаа. На позициите во Палмира имаше само 200 Руси, од кои 120 беа платеници кои ги спречија терористите.
Последниот разговор со Асад бил ултимативен и тој добро ја разбрал лекцијата: ги пуштил руските команданти на сите позиции и притоа имаа неограничени овластувања. Тоа беше неговото најкорисно решение за време на целиот конфликт во земјата. Во јануари 2017 година е донесено решението за предавање на управувањето на војната во Сирија во рацете на рускиот Генералштаб.
Подготовката на операции од сириските штабни офицери беше под секаква критика. За време на воените дејствија тие решително не си ги поставувале целите и затоа многу од операциите завршија или со контраудари од страна на противниците и повлекување на војниците по првичните успеси, а во некои случаи и пропаѓање на целокупната замисла на операцијата, така што крајните резултати биле далеку поскромни од планираните.
Крилните удари на терористите ги терале владините сили во бегство и не биле внесените резерви.
Принципиелно стратешкото и оперативното планирање на воените дејствија, како и практичното водење на војниците добиле наредба и планови дури откако високите руски воени советници реално не ги направиле подготовките на сириската армија. Тоа е причината зошто на крајот од 2017 година се скрши главнината на ИД.
На Сиријците, како и на сите Арапи, по се им прилега да се трговци, но се покажа дека можат и да се војници, ако има некој тоа да ги направи. Рускиот официјален претставник Сергеј Шоигу изјави дека висок команден кадар на вооружените сили на Русија на (воени окрузи, армија, штабови) поминаа низ Сирија, како на најниско ниво, па се дури до команданти на дивизии. Во некои случаи, тие дури и ја презедоа директната команда на војниците.
Руското Министерство за одбрана призна, во поединечни случаи дека загинаа воени советници, но само кога не можеше тоа да се негира. Во септември оваа година при минофрлачки напад во реонот на Дејр Ез-Зор загина генерал-полковник Валериј Асапов и уште двајца полковници. Во овој мај од снајперски оган загина потполковник Алексеј Бучелников. Една година пред тоа во Алепо беше убиен полковникот Руслан Галицки.