376
Полициски службеници од СВР Битола попладнево го лишиле од слобода М.Т. (19) од Битола.
Имено, по добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кај М.Т.(19) од Битола и при претрес во домот пронајдена е марихуана, дигитална вага со траги од марихуана, метална дробилка, како и пиротехнички средства.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР-Битола.