Во Битола приведена скопјанка барана со шест потерници за издржување затворска казна

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Полициски службеници од СВР Скопје попладнево уапсиле 44-годишна скопјанка барана со шест централни потерници од МВР за издржување затворска казна.

-Денеска околу 17 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР -ОКП Охрид на ул.„Ружа Делчева“ во Битола ја лишија од слобода Р.С. (44) од Скопје, лице барано по шест централни потерници од МВР, по наредба на Основен кривичен суд Скопје и ОЈО Скопје за затворска казна од осум години и шест месеци. При претресот во домот на Р.С. пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела во врска со чл.247, чл.149 и чл.251 од КЗ на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека лицето ќе биде предадена на КПУ- Идризово за издржување на затворската казна.

Слични содржини