Средношколскиот пленум од Битола соопшти дека вчера биле свикани родителски состаноци во горната гимназија „Јосип Броз-Тито” и техничкото училиште „Ѓорги Наумов“ со цел да се натераат родителите да си ги „приберат децата“.

„Целта беше да ги натераат родителите да си ги „приберат децата“. Напротив, родителите покажаа дека тотално не поддржуваат и дека ќе се борат против секој што се обидува да не разедини.
Им благодариме на сите родители, наставници и наставнички, професори и професорки и сите оние кои ни дадоа безусловна поддршка.
А до директор(к)ите, бојкотот завршува кога ќе кажеме ние, кога нашите барања ќе бидат комплетно исполнети, а не кога Вам ќе ви кажат да свикате родителски состаноци за да се „прибериме на час“. Поздрав пленумци, заедно сме посилни!“, напишаа учениците на профилот на Средношколски пленум Битола./ Либертас