Во болниците во Скопје примени само 5 ковид-пациенти во последното деноноќие

од Nikola Popovski
314 прегледи

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 318 и има околу 574 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок во главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 181 пациент позитивни и суспектни на вирусот.

Во болниците во Скопје тој број изнесува 137 пациенти, од кои 5 биле примени во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие дома биле пуштени двајца оздравени пациенти.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид-центарот во Гостивар 2, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението од ресорното министерство од каде додаваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Исто така се нагласува дека во скопските ковид-центри бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 70 слободни места.

Слични содржини