Ѓумбирот е еден од најздравите зачини во светот. Неговите дејства се неверојатни поради состојките кои ги содржи во себе. Поседува противвоспалително, аналгетско и антикарциногено дејство. Освен тоа, кога ќе се додаде во јадење го подобрува дигестивниот систем и ја лечи настинката.
Во овие случаи, овој зачин е незаменлив:
Го зајакнува имунитетот
Доколку сте склони кон настинки, редовната консумација на сок од ѓумбир позитивно ќе делува на зајакнување на имунитетот. Ѓумбирот го зајакнува дејството на антибиотикот и ја подобрува циркулацијата.
Превентива од тумор
За превенција од карцином, особено на јајниците, тој е вистински сојузник. Ѓумбирот ги ублажува симптомите на дебелото црево, доколку се пие редовно.
Кај Алцхајмерова болест
Истражувањата покажаа дека секојдневната консумација на ѓумбир го успорува умртвувањето на мозочните ќелии, што е главен причинител на Алцхајмеровата болест.
Подобар апетит
Ѓумбирот може да го подобри, но и да го намали апетитот. За зголемување на апетитот делува така што произведува повеќе киселина во желудникот. А како средство за слабеење, така што ги топи маснотиите.
За опоравување на мускулите
По напорниот тренинг добро е да се испие сок од ѓумбир, бидејќи тој ќе ги опорави мускулите и ќе ја спречи појавата на воспаление.
За подготовка на овој сок ќе ви биде потребно:
-1 корен од ѓумбир
-2 лимони
-2л вода
-3 лажички мед
Подготовка:
Излупете го коренот од ѓумбир и добро измијте го. Исечкајте го на коцки или блендирајте го.
Содржината истурете ја во сад, прелијте со вода и гответе неколку минути на умерен оган.
Оставете малку да се излади, а потоа исцедете лимон и додајте мед. Чувајте во фрижидер.