Во Босна и Херцеговина 297 новозаразени со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина се регистрирани вкупно 297 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починале 13 лица. Тестиран е 1971 примерок. Во Федерацијата на БиХ се регистрирани 234 позитивни лица, а во Република Српска 59.

Заклучно со денешниот ден, 7790 пациенти се излечиле во Федерацијата на БиХ, а во изминатите 24 часа е забележано закрепнување кај 162 пациенти.

Во моментов, активни се 3006 случаи на коронавирус.

Вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата на БиХ е 305, од кои 198 се од машки (65 проценти) и 107 од женски пол (35 проценти).

Во Република Српска, во последните 24 часа биле тестирани 445 примероци за коронавирус, а инфекцијата е потврдена кај 59 лица. Досега, вкупно 237 лица кај кои бил потврден коронавирус починале во Република Српска.