Така тој ги негираше обвинувањата на некои европски лидери, дека муслиманите во неговата земја претставуваат опасност.
Познато е дека многу странци се бореа во редовите на групата во Сирија и Ирак.
Меѓу нив има и Бошњаци.
Чешкиот претседател Милош Земан изрази загриженост дека џихадисти можат да направат база во Босна. Според него, знамињата на групата веќе се вејат во некои градови.
Неговиот хрватски колега, Колинда Грабар – Китаровиќ најави дека многу борци најверојатно ќе се вратат во земјата.
Според хрватско издание, има меѓу 5000 и 10 000 се радикализирани босански муслимани.
Звиздич изјави дека тоа се неосновани и политички мотивирани обвиненија, кои ќе наштетат на земјата како туристичка дестинација.