Во Босна починаа 46 лица, регистрирани и 1.605 новозаразени

од Vladimir Zorba

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина, 46 пациенти починале од последиците од коронавирус, додека 1.605 биле новоинфицирани.

Само во Федерацијата БиХ, пријавени се 1.123 новоинфицирани лица и 29 смртни случаи, а во моментов се активни 17.330 случаи на коронавирус.

Во Република Српска, во последните 24 часа се регистрирани 475 новоинфицирани и 16 смртни случаи.

Во последните 24 часа се регистрирани седум нови смртни случаи во областа Брчко, а станува збор за тројца мажи и една жена.

Слични содржини