Денеска во Брисел почнува дводневниот Самит на ЕУ.
Самитот ќе започне со работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на кој ќе се разговара за клучните геополитички прашања и глобалните предизвици, а потоа украинскиот претседател Владимир Зеленски ќе им се придружи на лидерите преку видео-конференција.
Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, наведе дека ЕУ ќе ја потврди својата „непоколеблива посветеност да ѝ помогне на Украина“, што вклучува продолжување на работата за користење на замрзнатите руски имоти.