Во Брисел конечно се договорија – одобрен десеттиот пакет санкции за Русија

од Vladimir Zorba
102 прегледи

На годишнината од руската инвазија на Украина, Европската унија го одобри десеттиот пакет санкции кон Русија, тобјави официјалниот Твитер профил на шведското претседателство на Унијата.

Пакетот вклучува мерки како што се построги ограничувања на извозот во однос на двојна употреба и технологија. Исто така, постојат насочени мерки против поединци и субјекти кои ја поддржуваат војната, пошироката пропаганда или доставуваат беспилотни летала што Русија ги користи во војната, но и мерки против руските кампањи за дезинформации.

„Заедно, земјите-членки на ЕУ воведоа најмоќни и најдалекусежни санкции со цел да и помогне на Украина да победи во војната. ЕУ е обединета со Украина и украинскиот народ. Ние ќе ја поддржуваме Украина, сè додека е потребно“.

Порано денес имаше сомнеж дали пакетот ќе биде усвоен, затоа што Полска го одби барањето на Италија за помали ограничувања за увоз на гумени производи. Од Варшава тврдеа дека предложените граници за увоз на гумени производи од Русија имаат многу исклучоци, а земјите од ЕУ беа збунети затоа што оваа постапка може повторно да го одложи договорот за санкции.

Десеттиот пакет санкции на ЕУ беше најавуван во претходните денови поради желбата на Брисел да биде договорен пред годишнината од почетокот на војната во Украина, но, според „Политико“, Унгарија беше таа што се спротивставувала на одредени точки.

Весникот, повикувајќи се на свои извори во високите дипломатски кругови на ЕУ, и пред неколку дена пренесе дека балтичките земји и Полска сакаат да го олеснат санкционирањето на семејствата и соработниците на руските олигарси, но дека потешкотии правела Будимпешта.

Според сегашните правила, ЕУ може да замрзне имот и да постави забрани за визи за „водечки деловни луѓе кои работат во Русија“. Литванија, Латвија, Естонија и Полска сакаа да ја прошират оваа дефиниција, така што вклучува „нивни блиски роднини, или други кои имаат придобивки од нив“, а во Унгарија сметаа дека на списокот има „премногу имиња“.

Слични содржини