Бугарската полиција приведе пет лица во врска со бомбашкиот напад во Истанбул минатиот викенд во кој загинаа шест лица, соопшти денеска бугарското обвинителство.
Осомничените се приведени затоа што му помогнале на еден од учесниците во бомбашкиот напад на 13 ноември, изјави портпаролката на главниот бугарски обвинител Сика Милева, без да ја прецизира нивната националност.
Уапсените се обвинети дека дале логистичка помош при бегството на вториот главен осомничен за нападот во Истанбул, рече Милева, без да прецизира дали осомничениот се уште е во бегство, пренесе АП.