11
Портокалов метео-аларм за жешко време издаде Националниот институт за метеорологија и хидрологија на Бугарија. Алармот важи за целата земја, каде максималните температури се очекува да се движат од 35° до 40° Целзиусови.
Мало освежување се очекува за попладне на некои места, каде се очекува краткоткраен дожд со грмотевици.
Инаку, како и другите земји на Балканот, каде подолго време владее жешко и суво време, и во Бугарија има многу шумски пожари. Во текот на вчерашното деноноќие биле регистрирани и локализирани или изгаснати дури 200 пожари, соопшти директорот на Пожарна безбедност и заштита на населението. Состојбата е утрово сериозна кај Костинброд близу Софија, на планината Рила и кај градот Јамбол.