Во Бугарија одиме со конкретни предлози, договори и меморандуми, вели Бектеши

од Берта Китинска
227 прегледи

Во делот на економијата најверојатно ќе можеме многу лесно да се усогласиме на меѓувладината седница што во вторник ќе се одржи во Софија, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Ќе одиме во понеделник, вторник во Република Бугарија со конкретни предлози и конкретни договори и меморандуми што би ги потпишале. Ќе ја слушнеме и нивната страна кои се нивните предлози и најверојатно во делот на економијата можеме многу лесно да се усогласиме, рече Бектеши.

На 25 јануари ќе се одржи првата заедничката седница на владите на Северна Македонија и Бугарија.

Владата ги формираше работоте групи за продлабочување на билатералната соработка со Бугарија, што како заклучок беше произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на бугарската Влада на нашата земја.

Работна група за економија, ќе ја предводи Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања. Министерот за транспорт ќе ја предвоси работната група за инфраструктура, транспорт и поврзување. Со заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики за копретседавач е назначен Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања. Со работната група за култура ќе претседава Артан Груби, прв вицепремиер.

Слични содржини