Во Центар продаден стан од 91 квадрат за 280.000 евра, односно 3.075 евра за квадратен метар

Ова е највисоката цена за толкава површина постигната во третото тромесечје на годинава

од Vladimir Zorba
32 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5

Во периодот јули-септември најскапо продаден стан во земјава е стан од 91 квадратен метар во општина Центар што се продал за 280.000 евра, се дознава од Извештајот од регистарот на цени и закупнини за периодот од 1.7.2025 до 30.9.2025 година, кој го објави Агенцијата за катастар на недвижности, цитиран од Бизнис инфо.

Изразено во цена за квадратен метар стан, тоа изнесува неверојатни 189.231 денари, односно 3.075 за квадратен метар, што е истовремено највисоката цена за толкава површина постигната во третото тромесечје на годинава.