Во Чаир се гради најголемата градинка во државата

од Nikola Popovski
220 прегледи

Од денес во Чаир започна изградбата на најголемата детска градинка во државата, чин на кој присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„За нас како Влада врвен приоритет е грижата за сите граѓани, пред се за најмладите. Оттука, продолжуваме одговорно да работиме во изградба на објекти во кои што најмладите граѓани ќе бидат сместени. Градинката „Бамби“ ќе има капацитет за 350 деца кои ќе бидат сместени во 21 занимална, поделени во три групи“,истакна Шахпаска.

Министерката подвлече дека новиот објект за згрижување на деца, претставува најголем во државата и Министерството за труд и социјална политика учествува со 121 милион денари.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ја потенцираше важноста на новиот објект за згрижување на деца, пред се од аспект на воспитно – образовниот процес во кој ќе бидат вклучени децата од оваа општина, што се должи на одличната соработка на локалната власт со Министерството , односно Владата на РМ.

Слични содржини