Во чест на ОНА ќе се гради спомен кула во општина Липково

од Nikola Popovski
332 прегледи

Општина Липково ќе изгради спомен кула во Слупчане, во чест на ОНА, за чија намена ќе потроши речиси 200.000 евра.

Договорот за изградба бил склучен минатиот месец, а вчера беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки. Спомен кулата ќе ја гради фирмата „Хоџа инженеринг“ од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра, пренесе Фокус.

Токму на местото, каде што треба да се изгради спомен обележјето,На 2 мај годинава, на 20-годишнината од воениот конфликт,лидерот на ДУИ, Ахмети  положи свежо цвеќе, и вети дека спомен кулата набрзо ќе биде изградена.

-Секако дека денеска почнуваат работите. За изградбата на овој споменик, како што кажав, во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона. На 28 ноември овој споменик ќе биде завршен, рече Ахмети.

Градоначалникот на Липково неодамна за медиумите изјави дека споменикот ќе биде легално поставен со сите дозволи.

 

Слични содржини